Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш станал херој на авионскиот лет од Манчестер кон Лисабон.
Португалецот забележал дека еден од патниците се онесвестил, по што прв интервенирал, а потоа повикал помош.
„Слушнав дека некој вика за помош. Тоа беше Бруно Фернандеш, по што дојде дел од екипажот на авионот да помогне. Бруно остана со човекот до крајот на летот“, изјавила Сузана Лосон која била сведок на драмата во авионот.