Фудбал Манчестер Јунајтед

Бруно Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата

За Португалецот Фернандеш ова е шеста награда играч на месецот во Премиер лигата, со што се израмни со сонародникот, Кристијано Роналдо, и легендата на Ливерпул, Стивен Џерард.

Бруно Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, е прогласен за играч на месецот во Премиер лигата за март.

Капитенот на Јунјатед постигна два гола и додаде четири асистенции во четири мартовски натпревари, помагајќи му на својот тим да освојат седум бодови изминатиот месец.

За Португалецот Фернандеш ова е шеста награда играч на месецот во Премиер лигата, со што се израмни со сонародникот, Кристијано Роналдо, и легендата на Ливерпул, Стивен Џерард.

Една награда повеќе имаат Серхио Агуеро, Хари Кејн и Мохамед Салах. (МИА)

To top