Бренан Џонсон позираше со дресот на Кристал Палас и сега веќе може да се каже дека тимот од Лондон и тоа како осетно се засили.
Стратегот Оливер Гласнер доби квалитетен напаѓач кој досега играше за Тотенхем и играше против Македонија како напаѓач на Велс во квалификациите за СП.
Кристал Палас го комплетираше трансферот на велшкиот репрезентативец Бренан Џонсон од Тотенхем во договор вреден 35.000.000 фунти, рекордна сума во историјата на клубот.
Џонсон (24) потпиша договор од четири и пол години и ќе го носи дресот со број 11 во Палас.
Во петокот, фудбалерот ги заврши сите формалности за преселба од северниот во јужниот дел на Лондон.
Велшкиот напаѓач ќе биде во конкуренција за тимот уште во недела, кога Кристал Палас ќе гостува кај Њукасл во натпревар од Премиер лигата.
Доаѓањето на Џонсон го надмина претходниот клупски трансфер рекорд од 27.000.000 фунти, што Палас му ги плати на Ливерпул за Кристијан Бентеке во 2016 година.