Директорот на Бразилската фудбалска конфедерација, Фабио Сеишас објави дека оваа јужноамериканска репрезентацијата нема планови да игра против руската репрезентација во 2026 година.
„Таков натпревар не е во нашата програма, бидејќи веќе имаме закажано пријателски натпревари со европски репрезентации на стадионите во САД во март и јуни следната година, што ќе биде дел од подготовките за Светското првенство. Натпревар со руската репрезентација е невозможен“, изјави Сеишас.
Истиот извор посочи дека во моментов нема преговори меѓу Бразилската фудбалска конфедерација и Рускиот фудбалски сојуз.
Руската репрезентација и клубови имаат забрана за меѓународни натпревари од ФИФА и УЕФА од февруари 2022 година. Оттогаш, руската репрезентација игра само пријателски натпревари.
На 10 октомври, руската репрезентација ќе игра против Иран во Волгоград, а на 14 октомври против Боливија во Москва.