Фудбал

Босанската легенда и директор на националниот тим гостин на претседателот Омерагиќ

Босанската легенда и директор на националниот тим гостин на претседателот Омерагиќ

Претседателот на Фудалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ беше домаќин на Емир Спахиќ директорот на босанската фудбалска репрезентација.

Спахиќ имаше отворен и конструктивен разговор со првиот човек на мак-фудбалот, кому му ги презентираше успесите што нивниот национален тим ги постигна на чело со селекторот Сергеј Барбарез.

„Со посебен акцент разговаравме за работата со младинските категории, како и на следењето и интеграцијата на талентираните деца од дијаспората, кои ги следиме преку нашата скаутинг служба. Верувам дека ваквите средби придонесуваат за подобра соработка и унапредување на фудбалот во регионот. Спахиќ ни посака успех со македонската репрезентација, а јас сум уверен дека со заедничка посветеност и јасна визија можеме да продолжиме да го развиваме фудбалот на вистински начин“, изјави Масар Омерагиќ.

Беа разменети мислења и информации околу организацијата, стручната поставеност и развојните процеси на двете репрезентации.

To top