Во Бешикташ би можел да стане нов член италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза.
Новиот тренер Тиаго Мота му порача на фудбалерот дека нема намера премногу да го користи во новата сезона и му препорача да си најде нов клуб.
26-годишниот крилен напаѓач би можел да замине во Турција. Бешикташ покажа сериозен интерес за него.
„Во последните неколку часа Бешикташ почна да се распрашува за Федерико Киеза. Сепак, приоритет му е да оди во Премиер лигата“, вели новинарот Мирко Ди Натале и додава:
Тој е на продажба и за неговите услуги се бараат 30 милиони евра.