Најдобриот стрелец во историјата на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Бесарт Ибраими и следната сезона ќе го носи дресот на шампионот Струга.
Ибраими, како што објави попладнево Струга, стави потпис на договор за уште една сезона во дресот на актуелниот македонски шампион.
Триесетиседумгодишниот Ибраими дојде во Струга во 2022 година и на 58 натпревари постигна 34 голови.
Струга изминатата сезона ја обрани титулата во ПМФЛ и ова лето втор пат ќе настапи во квалификациите за Лигата на шампиони.
Противникот во првото квалификациско коло ќе го дознае на 17 јуни за кога е закажана жрепката во седиштето на УЕФА во Нион.