Фудбал

Бензема не ја исклучува можноста за враќање во Реал

Бензема не ја исклучува можноста за враќање во Реал

Францускиот фудбалер Карим Бензема не ја исклучи можноста за враќање во Реал Мадрид во иднина.

– Можно враќање во Реал Мадрид? Ако Флорентино е таму, тоа би можело да се случи. Никогаш не би му рекол не на Перез. Јас сум навивач на Реал Мадрид, го чувствувам тоа во душата. Мадрид е сè уште мој град, ќе видиме што ќе се случи, изјави Бензема за „АС“.

Триесет и седумгодишниот играч на Ал-Итихад играше за Реал Мадрид од 2009 до 2023 година. Во тој период, тој освои четири титули во Ла Лига, три титули во Купот на кралот и пет титули во Лигата на шампионите. Тој ја освои Златната топка во 2022 година.

Бензема одигра 648 натпревари за Реал Мадрид и постигна 354 гола.

To top