Џуд Белингем пристигна со својата репрезентација на Европското првенство во Германија и очекува успешен настап на Англија. Асот на Реал Мадрид е оптимистички расположен во пресрет на турнирот и вели дека негов најголем сон е европската титула.
„Овој трофеј е мој детски сон. Досега успеав да освојам многу важни трофеи во кариерата, но титулата на Европското првенство би била круна на сиот вложен труд. Имаме одлична генерација и свесни сме против кого играме, но исто така веруваме во нашиот квалитет.
Сите ќе сакаат да ни го земат скалпот, затоа што важиме за фаворити. Ние успешно се носиме со таа улога и ќе докажеме на теренот дека тоа не е случајно. Имаме највисоки амбиции, а и нашите навивачи очекуваат конечно да се искачиме на тронот“, изјави Белингем.