Фудбал

Белингем: Сонувам, да сонувам

Белингем: Сонувам, да сонувам

Џуд Белингем е играч кој пошироката јавност го дозна во Борусија Дортмунд, но оваа актуелна сезона која е прва во редовите на шпанскиот великан Реал Мадрид е најдобра во досегашната негова кариера.

Тој блеска во дресот на „кралевите“, ја води екипата со своите голови, асистенции и тоа дефинитивно му овозможи, отвори пат да ја добие наградата „Златно момче“ која ја доделува „Тутоспорт“.

Џуд игра значајна улога и во англиската репрезентација и сето ова како комплетен пакет е најава дека пред него е блескава кариера.

-Секој ден се плашам дека некој нема да ме разбуди. Сонувам. Многу сум среќен што сум играч на Реал Мадрид. Мојата цел е да освојам што повеќе трофеи со Реал и со репрезентацијата на Англија. Секој ден одам на тренинг со желба да бидам подобар, а во Реал имам најголеми шанси да станам тоа. Сакам да направам се што можам за да го направам тимот подобар и да му помогнам да победи секогаш кога е можно, -порачал Англичанецот откако ја добил наградата.

To top