Фудбал

Белингем има чудни темни дамки на лицето, еве за што се работи

Белингем има чудни темни дамки на лицето, еве за што се работи

Англија, првиот евро-фаворит според букмејкерите, настапот на турнирот го започна со минимална победа против Србија.

Гол вреден три бода постигна Џуд Белингем, предводникот на новата генерација на „Гордиот Албион“ и 20-годишната ѕвезда на Реал Мадрид, со која уште во првата сезона стана европски првак.

За време на настапот против Србија, неколку навивачи забележале чудни темни дамки на лицето на Белингем.

Дерматолозите потврдија дека англискиот играч за врска има мелазма.

Станува збор за вообичаено пореметување на кожата со прекумерна пигментација: неправилни и симетрични темно кафени дамки се појавуваат на делови од кожата изложени на сончево зрачење, како што се лицето, деколтето, вратот и рамената.

Мелазмата, меѓу другото, е предизвикана од изложеност на УВ зраци, па хиперпигментацијата обично се зголемува во текот на летото.

Станува збор за бенигни дамки кои не бараат третман освен од естетски причини.

To top