Фудбал Проблеми во Реал Мадрид

Белингам оди на операцитен зафат?

Белингам оди на операцитен зафат?

Англискиот фудбалски репрезентативец Џуд Белингам е главна ѕвезда на Реал Мадрид оваа сезона, но се повреди и поради тоа ги пропушти натпреварите против Брага и Валенсија.

Белингам, сепак, заигра против Кадиз меѓутоа чувствувал болки и се шпекулира дека треба да оди на операција.

„Мундо Депортиво“ објави дека Белингам носел заштитник на левото рамо, а тоа му помогнало да игра на потребното ниво, но тоа не е долгорочно решение.

Реал Мадрид ги разгледува опциите за да го спаси Белингам од операција, но тоа може да се случи до крајот на сезоната за да не пропушти важни дуели во битката за титулата.

To top