Фудбал

Белингам испрати предупредување до Арсенал пред реваншот во ЛШ

Белингам испрати предупредување до Арсенал пред реваншот во ЛШ

Реал Мадрид покажаа многу малку на „Емирејтс“, а посебно за нив катастрофално беше второто полувреме во кое трипати беа матирани од кои два погодоци на Рајс беа од слободен удар.

Овој резултат е болен за клубот од Мадрид, удар за нивните амбиции кои секогаш се високи особено во ова натпреварување, но и оваа голема негатива не ги обесхрабрува играчите на Реал кои веруваат дека е можен пресврт на „Сантијаго Бернабеу“.

Видовме неколку пораки, а меѓу нив е и онаа на Џуд Белингам кој испрати предупредување до „топчиите“ да не слават превреме.

-Се уште не е готово, -порача англискиот репрезентативец.

To top