Фудбал реал мадрид

Белингам добро помина: Ќе паузира само 2 натпревара

Џуд Белингам нема да може да игра за Реал Мадрид во наредните две кола, одлучи Ла Лига.

Белингам добро помина: Ќе паузира само 2 натпревара

Џуд Белингам нема да може да игра за Реал Мадрид во наредните две кола, одлучи Ла Лига.

Англискиот репрезентативец доби суспензија откако избувна по последниот свиреж на натпреварот против Валенсија во саботата во гости кога го навредуваше главниот судија Хесус Хил Мансано.

Судијата свирна крај на натпреварот додека Реал беше во напад бркајќи гол за победа во надополнувањето. Неколку секунди подоцна Белингам постигна гол за 3:2, а Мансано остана на одлуката дека бил свирнат крај. Играчите на Реал бараа објаснување од него, а најагресивен беше Белингам. Натпреварот заврши 2:2, а претходно Валенсија имаше водство од 2:0.

Во образложението за суспензијата на англискиот репрезентативец стои дека е применета одредбата „за недолично однесување на играч кон судии, тренери или спортски работници“.

Така, Белингам нема да му биде на располагање на Карло Анчелоти в недела дома против Селта и на 16-ти на незгодното гостување кај Осасуна во баскиска Памплона. На терен ќе се врати дури по репрезентативната пауза, кога на 31 март Реал ќе го пречека Атлетик.

To top