Фудбал

Барселона во проблеми со дефанзивната линија пред мечот со Осасуна

Барселона во проблеми со дефанзивната линија пред мечот со Осасуна

Барселона ќе мора да го одигра одложениот меч против Осасуна од Ла Лига во четврток, на 27-ми март.

Иако двете екипи упатија жалба до Фудбалскиот сојуз на Шпанија, сепак натпреварот ќе се одигра во веќе закажаниот термин.

Ханси Флик за овој меч нема да може да смета на ниту еден централен дефанзивец и ќе биде на голема мака. Араухо има настап за селекцијата на Уругвај и нема да стигне за мечот, а Пау Кубарси се повреди на дуелот на Шпанија против Холандија.

Од претходно повредени се Мартинес и Кристијансен.

To top