Барселона ја заврши сезона со триумфално освојување на тројна титула, а раководството на клубот веќе активно планира за наредната сезона.
Јасно е дека се работи за тим кој се оформува и се развива под водство на Ханси Флик, но не е тајна дека екипата ќе се засилува и со нови играчи.
Меѓу можните засилувања, каталонските медиуми сè поактивно пишуваат и за голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез (32), чиј трансфер од Бирмингем станува сè поизвесен.
Откако Тер Штеген се повреди, Барса реагираше мудро со ангажманот на Војчех Шчесни, кој пак уште нема одлучено дали ќе го продолжи договорот по враќањето од пензија.