Прва опција е офанзивецот на Ливерпул, Дарвин Нуњез кој зад себе има турбулентна сезона на „Енфилд“.
Навивачите на Ливерпул сметаат дека промашувањата на Нуњез го чинеа тимот титула, а дека нешто не штима на релација Нуњез – Ливерпул покажа и последната реакција на Уругваецот кој од својот Инстаграм профил ги избриша сите слики од Ливерпул.
Втора опција за Барселона е Александер Исак од Њукасл. 26-годишниот шведски напаѓач вреди 70 милиони евра, а има договор со Њукасл до јуни 2028 година.