Клубот внимателно ја следи ситуацијата и веќе има составено список со четири потенцијални засилувања, кои би можеле да пристигнат како слободни агенти.
Првата цел на Барселона е капитенот на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон. Искусниот напаѓач, кој има 32 години игра фантастично, но нема најави дека ќе го продолжи договорот.
На листата на Барселона се двајца играчи на Баерн Минхен, Џошуа Кимих и Лирој Сане. Флик одлично ги познава двајцата фудбалери и верува дека ќе бидат големи засилувња.
Четвртиот играч на листата е германскиот дефанзивец Џонатан Тах, кој на лето ќе го напушти Баер Леверкузен како слободен агент.