Фудбал

Барселона ќе го продаде Рафиња?

Барселона ќе го продаде Рафиња?

Барселона ја продолжува својата борба со тимовите од Мадрид, а како стојат работите во овој клуб, ќе има големи промени на крајот од сезоната.

Еден од фудбалерите кој скоро сигурно ќе ја напушти Барселона е бразилецот Рафиња, кој беше стартер во 24 од 25 лигашки натпревари оваа сезона и постигна 13 голови.

Како што тврдат странските медиуми, договор околу нова соработка на релација Барселона – Рафиња нема, и раководството на Барселона е подготвено на се само да го продаде.

Рафиња пристигна во Барселона во 2022 година од Лидс Јунајтед и актуелниот договор го врзува за Барселона до летото 2027 година.

To top