Фудбал

Барселона издоминира на „Глобал“ фудбалските награди во Дубаи

Барселона издоминира на „Глобал“ фудбалските награди во Дубаи

Екипата на Барселона ги собра сите почести на „Глобал“ фудбалските награди кои што се одржуваат во моментов во Дубаи, а се наменети за учасниците во Ла Лига.

За најдобар тренер е прогласен Ханси Флик, за најдобар играч до 23. години Ламин Јамал, додека пак за играч на сезоната во ла Лига е прогласен бразилецот Рафиња. Сосема логично за тим на сезоната е избрана токму Барселона поради освоената титула.

„Признанието што Барса го добива на оваа голема гала-церемонија на „Глоуб Сокер Авордс“ е огромно. Се натпреваруваме со нашиот вечен ривал и играме забавен и прекрасен фудбал. Се сеќавам дека во тешки моменти се справувавме, имаше тежок период во текот на сезоната, но Ламине, Рафиња, Педри, Балде. Ханси ги инспирираа со победнички дух и голема страст за фудбалот“ – рече првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта при примањето на наградата. 

To top