Фудбал ветеранoт останува до 2027

Барселона го продолжи договорот на Војчех Шчесни

Барселона го продолжи договорот на Војчех Шчесни

Војчех Шчесни и Барселона постигнаа договор – искусниот голман ќе остане на Камп Ноу до јуни 2027 година.

Полјакот дојде сосема неочекувано минатата есен, кога Марк Тер Штеген заработи долготрајна повреда, а Барса итно бараше решение.

Иако се имаше пензионирано само неколку месеци претходно, Шчесни ја прифати понудата и покажа дека сè уште е меѓу најдобрите европски голмани.

На 30 натпревари сезонава, Шчесни има 14 чисти мрежи, а Барселона нема ниту еден пораз во Ла Лига кога тој е меѓу стативите.

To top