Барселона своето внимание го насочи кон менаџерот на Брајтон, Роберто де Зерби.
Според новинарот Хави Мигел, кој ретко греши кога станува збор за информации поврзани со Барселона, претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко, дале зелено светло да се тргне по потписот со Де Зерби.
Агентите на Де Зерби неделава претстојувале во Барселона и имале средба со Лапорта и Деко која траеле повеќе од три часа и на која челниците на шпанскиот тим сфатиле дека Италијанецот кој го води Брајтон, е најдобра опција во овој момент.
Де Зерби идеално се вклопува во филозофијата на Барселона, Италијанецот форсира офанзивен фудбал со голем посед на топката и висок пресинг.