Фудбал

Барселона без двајца важни фудбалери

Барселона без двајца важни фудбалери

Барселона утре ќе ја пречека Осасуна во натпреварот од 27. коло на шпанската Ла Лига, а Ханси Флик потврди дека каталонскиот клуб ќе биде без својот најдобар играч.

Како што е познато, Барселона и Осасуна требаше да играат пред две недели, но натпреварот на Монжуик беше одложен непосредно пред почетокот, откако почина член на лекарскиот тим на каталонскиот клуб.

Каталонскиот клуб одржа прес-конференција на која тренерот Ханси Флик потврди дека ќе бидат утре без најдобриот играч Рафиња, кој дури денес се враќа во Барселона откако синоќа играше во Буенос Аирес на мечот Аргентина – Бразил.

Покрај Рафиња нема да биде во составот ниту Роналд Араухо, кој се враќа од Уругвај, а Паук Кубарси ќе остане на клупата бидејќи се повреди на мечот од Лигата на нациите меѓу Холандија и Шпанија.

 

To top