Фудбалерот за врска Енис Барди на денешната прес-конференција рече дека секој фудбалер индивидуално се подготвува за овој дуел, кој за секого делува мотивирачки.
„Натпреварот во Македонија против Италијанците е дел од историјата. Тој натпревар ќе ни помогне да ги поправиме грешките од Скопје. Утре ни следи нов натпревар, веројатно нови фудбалери и нов систем. Не треба да потенцирам дека сме мотивирани, ова е натпревар кој секој фудбалер сака да го игра. Имаме нови, млади фудбалери и ова е шанса да бидеме подобри, а за тоа ни требаат вакви натпревари.
Сите индивидуално се подготвуваме, имаме одличен квалитет и не верувам дека Италија ќе нè потцени. Верувам дека пак ќе ја направиме горда нацијата и нашите најблиски. Дај Боже да заврши натпреварот како во Скопје“, рече фудбалерот на Трабзонспор.
foto:ffm.mk