Фудбал

Барди: Дај Боже да продолжиме со Милевски, вака се игра за Македонија

Барди: Дај Боже да продолжиме со Милевски, вака се игра за Македонија

На јавноста по мечот со Англија се обрати капитенот Енис Барди. Тој смета дека тимот покажал обединетост и ова е вистинскиот начин како треба да се игра кога се носи дресот на Македонија.

„Знаевме дека не чека еден тежок натпревар против Англија, затоа што знаевме кој е ривалот. Последниот меч за оваа година бевме заедно и ја дадовме целата сила. Вака треба да се игра за репрезентацијата и да се излезе на терен кога се игра за националниот тим. Освоивме бод што не радува сите нас, една мала земја како Македонија освои голем бод со Англија. Ова е знак за иднината и како треба да се бориме.“, изјави Барди.

Капитенот на Македонија го коментираше и договорот на селекторот Благоја Милевски кој истекува по крајот на овој циклус.

„Не знам каков е неговиот договор и кога истекува затоа што тоа не е моја работа. Меѓутоа, со овој селектор направивме многу добри работи, почнувајќи од У21 па до сега. Сите се познаваме добро и дај Боже да продолжиме да работиме со Милевски. Го почитувам многу и имам голем респект за него“, додаде македонскиот репрезентативец.

To top