Фудбал

Барди: Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија

Барди:  Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија

Во фудбалската Лигата на нации. Фарски Острови и Ерменија се нашите први два противника во овој септемвриски циклус/

На прес-конференцијата во Торшавн пред мечот свое видување има капитенот Енис Барди:

„Сите сме свесни што ни следи и направивме детална анализа за овој натпревар. Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра клима. Имаме одлични играчи, кои  потпишаа за големи клубови како Димитриевски, Елмас, Миовски и од нив очекуваме многу.

Не треба да бараме алиби и како и секогаш да бидеме максимално фокусирани на нашата игра. Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме“.

To top