Фудбал Ништо од соработката

Баерн не е заинтересиран за Зидан

Под водство на 51-годишниот Зидан, Реал три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а два пати стана шампион на Шпанија.

Баерн не е заинтересиран за Зидан

 Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан нема да го води Баерн на крајот од актуелната сезона, објави новинарот Флоријан Плетенберг.

Според Плетенберг, раководството на тимот од Минхен не е заинтересирано за потпис со францускиот фудбалски стручњак.

Под водство на 51-годишниот Зидан, Реал три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а два пати стана шампион на Шпанија.

Баерн претходно објави дека главниот тренер Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот од сезоната 2023/24.

По 26 кола во германското првенство, тимот од Минхен е на второто место со 60 бодови. Заостатокот од водечкиот Баер Леверкузен е 10 бода. (МИА)

To top