Фудбал

Баерн Минхен со „шут карта“ за Тухел?

Баерн Минхен со „шут карта“ за Тухел?

Раководството на германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен не е задоволно од работата на тренерот Томас Тухел и веќе од следната сезона на чело на германскиот гигант ќе биде нов тренер, пренесуваат шпанските медиуми.

Тоа ќе биде хит тренерот во Бундеслигата Чави Алонсо со кој баварците веќе склучиле договор.

Шпанецот важи за еден од најдобрите млади тренери во светот и неговата фантастична замисла за атрактиен фудбал веќе ја реализира во Баер Леверкузен со кој е лидер на Бундеслигата и лидер во својата група во Лига Европа.

Алонсо се поврзува и со тренерското место во првиот тим на Реал Мадрид. Како потсетување, тој беше дел од „кралскиот клуб“ на почетокот на тренеркста кариера кога ги предводеше младинците на тимот од главниот град на Шпанија.

To top