Гудбалерот на Манчестер Јунајтед Рафаел Варан, влезе во трансферните планови на Баерн Минхен за зимата.
Баварците ќе се засилат со централен дефанзивец, а една од опциите е францускиот интернационалец.
Варан го загуби своето стартно место на „Олд Трафорд“ и не би имал ништо против промена на средината.
Проблем за евентуален трансфер ќе биде платата на дефанзивецот. Тој моментно заработува околу 17 милиони фунти по сезона во Манчестер Јунајтед, а Баерн не сака да му плати толку.
Рафаел Варан од почетокот на сезоната има осум натпревари и еден постигнат гол во дресот на „црвените ѓаволи“.