И покрај историската сезона за тимот од „Бај Арена“, Баерн и натаму останува најатрактивен клуб во Германија, па „Скај Спорт“ информира дека Џонатан Тах решил да му се приклучи на великанот од „Алијанц арена“.
Германскиот репрезентативец беше столб во одбраната на Чаби Алонсо во сезоната која штотуку заврши и се очекува да биде стартер и на Европското првенство, по кое најверорјатно ќе го комплетира трансферот во Баерн.
Германски „Скај“ вечерва информира дека самиот фудбалер ги известил челните луѓе на Леверкузен дека неговиот циклус во клубот е завршен, бидејќи од Баерн добил понуда која едноставно не се одбива.
Според информациите, Баерн му понудил договор до 2029-та година, па тоа е гаранција дека Тах ќе остане врзан за баварците до своја 33-годишна возраст.