Баерн Минхен мора да биде казнет. Тоа го бара фудбалската јавност во Европа, ама ајде докажи.
Лигата на шампионите не смее да дозволи ваквите работи да станат „нормални“. Фудбалскиот свет протестира, но УЕФА има “врзани раце“.
Дали станува збор за непочитување на противникот? Ако е така, тоа е неприфатливо. Ако станува збор за намерно попречување на играта од личен интерес, тогаш е уште полошо. Целиот стадион и милионската телевизиска публика видоа дека двајца одлични играчи на Баерн, Мајкл Олисе и Џошуа Кимих, добија жолти картони на крајот од натпреварот со јасна намера.
Во тој момент, Баерн имаше повеќе од убедливо водство од 6:0 на гости кај Аталанта и јасно е дека реваншот во Минхен ќе биде само формалност. Бидејќи на двајцата им се закануваше суспензија од еден натпревар доколку добијат жолти картони, сè укажува дека тие ја послушале директивата на клубот и намерно добиле јавни опомени.
Во двата случаи, публиката протестираше, протестираа и играчите на Аталанта (Мусах го изгуби трпението и доби жолт картон). Во Баерн, секако, негираат сè, Кимих веќе изјави дека не сакал да добие жолт картон, предолго барал добра опција.
Јасно е дека двајцата ќе го пропуштат реваншот во Минхен и ги „исчистиле“ своите картони за четвртфиналето каде што Баерн ќе игра против победникот од дуелот Реал Мадрид-Манчестер Сити.