Џошуа Кимих постигна договор со челниците на Баерн за нова соработка до 2029 година, а неговите агенти ги „пеглаат“ последните детали пред официјалното потпишување.
За Кимих интерес покажа Пари Сен Жермен, кој беше согласен да ги исполни сите негови финансиски желби, но Баерн сепак успеа да го премисли и тој одлучил да остане на „Алијанц арена“.
Германскиот репрезентативец е дел од баварскиот гигант веќе една деценија и во отсуство на Мануел Нојер ја носи капитенската лента.
Неговиот актуелен договор истекува на крајот на годината, а се очекува во наредните денови да биде официјално продолжен.