Фудбал

Баерн ја потврди разделбата со Гереиро

Баерн ја потврди разделбата со Гереиро

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, објави прес-службата на актуелниот германски првак.

„Баерн Минхен и Рафаел Гереиро меѓусебно се согласија да не го продолжат неговиот договор, што истекува на крајот од сезоната“, се вели во клупското соопштение.

Гереиро му се приклучи на Баерн од Борусија Дортмунд во летото 2023 година.

Оваа сезона, 32-годишниот Португалец одигра 23 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи четири голови, а додаде и три асистенции.

Португалскиот дефанзивец во дресот на Баерн освои по една титула во Бундеслигата и германскиот Суперкуп.

To top