Фудбал објавуваат шпанските медиуми

Баерн и Зидан се блиску до договор?

Баерн следната сезона ќе има нов тренер, откако сегашниот стратег Томас Тухел потврди дека летово го напушта клубот од Минхен.

Баерн и Зидан се блиску до договор?

Прославениот француски репрезентативец Зинедин Зидан би можел наскоро да се врати на тренерската клупа како предводник на германскиот гигант Баерн Минхен, пренесуваат денеска шпанските медиуми.

Според весникот „Мундо Депортиво“, зделката сè уште не е официјално склучена бидејќи францускиот тренер бара од баварскиот клуб да му вети засилувања за следната сезона, особено во дефанзивниот дел на тимот. Сепак, наводно двете страни се блиску до конечен договор..

Зидан ја почна својата тренерска кариера во Б тимот на Реал, каде што ја заврши фудбалската кариера во 2006 година. Од 2016 до 2018 година, Зидан го предводеше Реал до три титули во Лига на шампиони по ред, а на клупата на мадридскиот клуб се врати од 2019 до 2021 година, освојувајќи уште едно шпанско првенство, по титулата која ја освои во 2017 година.

Баерн следната сезона ќе има нов тренер, откако сегашниот стратег Томас Тухел потврди дека летово го напушта клубот од Минхен.

To top