Во пресрет на средбите со Летонија и Ерменија во Лигата на Нации репрезентативецот на Македо нија Давид Бабунски истакна дека нема да им биде лесно на двете гостувања, но верува во освојување на шест бода.
„Правиме доста работи добро чим фудбалскиот свет нè сметаат за фаворити во оваа група. Сепак, ние треба да останеме скромни и да продолжиме да се бориме за оваа единствена шанса. Нема да биде лесно бидејќи играме во гости, а денеска сите земји го развиваат својот фудбал.Немаме многу време за подготовка, но ќе анализираме да ги идентификуваме нивните слаби точки и да одиме да ги освоиме сите шест бода“, изјави Бабунски.
Бабунски оваа сезона има шест настапи за Данди во шкотската елита и постигна еден гол.