Фудбал

Бабунски: Не сме во позиција да потценуваме никого

Бабунски: Не сме во позиција да потценуваме никого

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски, гостувањето за Фарски Острови изјави дека противникот никако не смее да биде потценет, но ако одиграме како што знаеме, би требало да освоиме три бода во Торшавн во сабота.

„Тоа што било досега, треба да го оставиме зад себе, да извлечеме поука да станеме подобри. Како екипа мислам дека не сме во позиција да потценуваме било кој противник, фудбалот се развива, сите се спремни. Мора да се држиме до нашиот план и принципите во играта. Одговорноста и тактичката дисциплина треба да ни бидат приоритет за да дојде до израз нашиот индивидуален квалитет. Ако тоа го исполниме, нашиот квалитет ќе ни овозможи да направиме разлика и да го добиеме мечот“, изјави фудбалерот на Данди Јунајтед
To top