Раководството на Атлетико Мадрид ја информираше јавноста дека казнила девет свои фанови поради оваа причина.
Деветте навивачи се однесувале насилно и расистички навредувале противнички играчи на натпреварите на Атлетико и посебно на градското дерби со Реал Мадрид и сега добија доживотна суспензија и никогаш веќе нема да стапнат во домот на шпанскиот клуб.
Атлетико потенцира дека нема да толерира вакво однесување на фановите, посебно што во меѓувреме заработи и казна од УЕФА поради истата причина, а најмногу поради испадите на навивачите на гостувањето кај Бенфика.
Клубот открил дека изминатите неколку недели посебна служба работела на идентификување на навивачите кои биле виновни за дел од инцидентит и со помош на камерите и информациите на полицијата, успела да го утврди идентитетот на оние кои подоцна се нашле на црната листа.
Атлетико со својот потег испрати јасна порака до сите останати навивачи, а тие ќе можат да го поддржат својот тим на соодветен начин веќе утре на дуелот со Лас Палмас.