Фудбал

Атлетико Мадрид го продава Алварез за 150 милиони евра

Атлетико Мадрид го продава Алварез за 150 милиони евра

Хулиан Алварез уште повеќе размислува да се оди од “Метрополитано“ и од Атлетико Мадрид.

Шпанските медиуми пишуваат за незадоволството на Алварез и истакнуваат дека самиот Аргентинец признал дека играл против Арсенал претходно, но дека никогаш не бил во толку подредена позиција на теренот.
Некои го протолкуваа како пофалби за Микел Артета, некои како критика за Диего Симеоне, но сè на сè, повторно се пишува дека Алварез би можел да побара трансфер.

Не е тајна дека Барса го сака во своите редови, но Каталонците сигурно нема да имаат пари да го доведат. Имено од Мадрид велат дека кој сака да го купи Аргентинецот ќе мора да плати 150 милиони евра.

И него му е јасно дека Атлетико не е конкурентен во Ла Лига, уште помалку во ЛШ, па затоа не е невозможно тој да си оди во летниот преоден рок.

To top