Атлетико Мадрид денеска го потврди ангажманот на шпанскиот репрезентативец, Робин Ле Норманд.
Дефанзивецот имаше одлична сезона во редовите на Реал Сосиедад, а својата форма ја потврди и со настапот на ЕП во Германија, каде беше еден од клучните членови на составот на Луис де ла Фуенте.
Марио Ермосо и Стефан Савиќ го напуштија Атлетико летово и отворија простор во дефанзивната линија, па Ле Норманд треба да ја преземе главната одговорност во реконструираниот тим на Диего Симеоне.