Атлетико Мадрид го претстави второто засилување во зимскиот преоден рок.
По голманот Хорасио Молдаван, во Мадрид пристигна и поранешниот фудбалер на Антверпен, Артур Вермерен (18).
Вермерен веројатно е најталентираниот играч за врска во Европа, тој е вистинско откровение во европскиот фудбал, постигна гол против Барселона во Лигата на шампионите и беше капитен на тимот, а веќе и дебитираше и за репрезентацијата на Белгија.
„Јорганџије“ за Вермерен платија 27 милиони евра, а фудбалерот потпишал договор до летото 2030 година. Вермерен во Белгија го нарекуваат малиот Де Брујне.