Тренерот на Арсенал, Микел Артета по синоќешнаат победа над Манчестер јунајтед во натпреварот од 37. коло на Премиер лигата, изрази надеж дека неговиот тим може да дојде до шампионскиот трофеј.
– Многу сме среќни со победата, особено со начинот на кој одигравме во вториот дел. Денеска влогот беше голем, исто како и на натпреварот со Тотенхем. Немаме простор за грешка, имаме големи тимови кои се натпреваруваат со нас кои ни ја отежнуваат задачата. Сакавме да ја отвориме вратата кон титулата, последното коло ќе се одржи пред нашите навивачи. Сега ни преостанува да го гледаме натпреварот помеѓу Манчестер сити и Тотенхем. Ќе ги следиме резултатите. Во фудбалот секогаш има шанси, изјави Артета за „Sky Sports“.
Арсенал е прв во поредокот во Премиер лигата со 86 бодови, еден бод повеќе од Манчестер Сити, кој има натпревар помалку.
Во последното коло, на 19 мај „Топчиите“ го пречекуваат Евертон, додека Сити на домашен терен се среќава со Вест Хем. Во меѓувреме, на 14 мај, Манчестер сити му гостува на Тотенхем во заостанат натпревар од 34. коло.