Фудбал

Арсенал: Продолжуваме со УЕФА

Арсенал: Продолжуваме со УЕФА

Премиерлигашот Арсенал соопшти денеска дека клупскиот став во врска со европската Суперлига не е променет и истакна оти екипата од Лондон ќе продолжи да игра во натпреварувањата во организација на УЕФА.

„Нашиот став во врска со европската суперлига е непроменет. Ќе продолжиме да играме во натпреварувањата на УЕФА и ќе продолжиме да соработуваме со другите европски клубови и Европската асоцијација на клубови (ЕЦА)“, соопшти Арсенал.

Лондонскиот премиерлигаш беше меѓу шесте англиски клубови кои застанаа зад иницијативата за формирање Суперлига, која во април 2021 година ја иницираа 12 тимови.

Четири од шесте премиерлигаши – Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Челзи, вчера објавија дека остануваат посветени на натпреварувањата во организација на УЕФА, неколку часови откако Европскиот суд на правдата ги прогласи за незаконски ограничувањата од ФИФА и УЕФА за формирање Суперлига.

Единствениот англиски клуб кој сè уште не се огласил по одлуката на судот во Брисел е Ливерпул.

To top