Се работи за 26-годишниот фудбалер на Бурнмаут, Доминик Соланке, за кого се подготвени да платат 50 милиони евра.
Фудбалерот кој има еден настап за репрезентацијата на Англија, во 2017-тата година од Челзи како слободен агент се пресели во Ливерпул, но не се прослави.
За две години одигра само 21 натпревар, а постигна погодок и тоа во купот. Во 2019-тата година за 19 милиони евра беше купен од Бурнмаут, што претставуваше вистински потег во неговата кариера, бидејќи за “црешите“ одигра 177 натпревари и постигна 61 гол.