Фудбал

Арне Слот во Ливерпул подготвува комплетен ремонт

Арне Слот во Ливерпул подготвува комплетен ремонт

На големо се шпекулира дека Диего Жота се враќа во Вулверхемптон бидејќи за него нема место на „Енфилд“, а клубот ќе се обиде да го доведе Чави Симонс од Лајпциг. Цената на Холанѓанецот е околу 70 милиони евра.

Според медиумите на Островот, менаџерот Арне Слот ги засукал ракавите и веќе направил конкретен план со спортскиот оддел за реновирање на играчкиот кадар.

Според информациите, холандскиот стручњак направил значаен потег за да ги натера Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах да ги преиспитаат своите понуди за продолжување на соработката. На „Енфилд“ дури има оптимисти дека искусните асови ќе ја продолжат верноста кон клубот.

Ливерпул реши да најде нов напаѓач. Дарвин Нуњез е на продажба и се смета дека Слот има 100 милиони фунти за нов напаѓач а во игра се Виктор Осимен и Душан Влаховиќ.

 

To top