Фудбал официјално

Аријан Адеми е нов играч на унгарски Ујпешт

Аријан Адеми е нов играч на унгарски Ујпешт

Поранешниот македонски репрезентативец, Аријан Адеми, спогодбено го раскина договорот со Динамо Загреб, на тој начин ставајќи крај на својата успешна етапа во редовите на хрватскиот гигант и официјално ќе ја продолжи кариерата во унгарски Ујпешт.

Адеми е најтрофејниот играч во клупската историја со 24 освоени титули, од кои дури тринаесет се во домашното првенство. Покрај тоа, има освоено седум Купови и четири Суперкупови.

„Го познавам Аријан многу добро од Динамо, тој е вистински лидер кој е способен за сè на теренот за да победи. Тој е исклучително скромен, совршено знае што сакам да видам во играта и ќе ми биде од огромна помош во обезбедувањето сите да можат да видат спектакуларен, бескомпромисен Ујпешт оваа сезона“, го претстави Дамир Крзнар фудбалерот кој доаѓа по негово инсистирање.

Во дресот на Динамо одигра 430 официјални натпревари и стана втор фудбалер по бројот на настапи. Настапи и на 110 натпревари во евро-куповите, што го прави апсолутен рекордер на тимот од Загреб.

To top