Фудбал

Аргентинците вложиле жалба за целата “циркузијада” на мечот со Мароко

Аргентинците вложиле жалба за целата “циркузијада” на мечот со Мароко

Аргентинската фудбалска асоцијација испратила официјална жалба до ФИФА поради случувањата на контроверзниот олимписки дуел во кој „гаучосите“ загубија од Мароко.

Натпреварот беше прекинат по израмнувачкиот гол на Аргентинците и тоа поради однесувањето на мароканските фанови кои фрлаа пиротехнички средства, шишиња и чаши кон противничките фудбалери.

Следуваше долг прекин по кој голот беше поништен, а натпреварот довршен на испразнет стадион со победа на африканската селекција.

– Жално е она што ни се случи во Ст. Етјен. Нашите фудбалери чекаа два часа во соблекувалната, за подоцна да го продолжат натпреварот кој секако требаше да биде прекинат поради инцидентите предизвикани од фановите и насилството кое го претрпе аргентинската делегација е против правилата. Не биле земени предвид и ставовите на капитените кои рекле дека натпреварот не треба да продолжи, – истакнал Клаудио Тапија, претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација.

To top