Фудбал

Аргентина без најдобрите фудбалери го победи Уругвај во гости (ВИДЕО)

Аргентина без најдобрите фудбалери го победи Уругвај во гости (ВИДЕО)

Уругвај и Аргентина одиграа натпревар на кој беше постигнат само еден гол каде актуелниот светски шампион со 1-0 го доби дербито на оваа коло од квалификациите за пласман на СП 2026 година.

Аргентина во овој меч играше без Лионел Меси и Лаутаро кои се повредени, но и покрај тоа дојдоа до победа.

Единствениот погодок на мечот се случи во 68. минута кога Алмада реализираше за водство од 1-0 што значеше и победа за Аргентинците.

Во следното коло од квалификациите за СП, Аргентина го пречекува Бразил на Монументал.

To top