Реал Мадрид потешко од очекувањата, но сепак успеа да слави над Лас Палмас во рамките од 22. коло во шпанската Примера со 1:2.
Во првото полувреме Реал Мадрид беше за нијанса подобар, но сепак мрежите мируваа и почетниот резултат не се промени. На почетокот од второто полувреме Хавиер Муњоз во 53-тата минута постигна гол за ерупција кај домашните навивачи на трибините.
По примениот гол „кралевите“ тргнаа посилно кон противничкиот гол, додека Лас Палмас се повлече на својата половина. За изедначување се погрижи, Едуардо Камвинга кој го искористи додавањето до Винисиус Жуниор.
Со изедначувачкиот гол темпото на играта малку се смири, но Реал сепак стигна до победнички гол и тоа на шест минути до крајот кога Чуамени го матираше противничкиот голман.
На овој натпревар за Реал Мадрид конечно дебитираше и летното засилување Арда Ѓулер кој во игра влезе во 81. Минута. На табелата Реал Мадрид сега е лидер со 54 бода, Џирона на второто место има два помалку.