Фудбал

Арбелоа: Знам што му недостига на овој Реал Мадрид

Арбелоа: Знам што му недостига на овој Реал Мадрид

Алваро Арбелоа не го криеше незадоволството по поразот од Осасуна, но потенцираше дека и понатаму има целосна доверба во својот тим.

Реал Мадрид ја прекина серијата од осум последовни победи во Ла Лига, а сега Барселона има можност повторно да се искачи на првото место доколку  го совлада Леванте.

Дали сме разочарани? Не, затоа што Ла Лига е многу долга. Ни недостасуваше брзина во играта. Кога играме против низок блок, мораме побрзо да ја движиме топката, во спротивно на противникот му е многу полесно да се брани. Едноставно, не создававме шанси, игравме бавно и ја губевме контролата. Мораме да се подобриме“, изјави Арбелоа.

Сепак, тој останува оптимист за продолжението од сезоната.

„Тука сум шест недели и тимот сè уште ги има истите проблеми. Дали тоа е недостаток на интензитет? Не сакам така да го формулирам, туку едноставно мораме да одговориме на интензитетот на противникот. Нашите ривали секогаш го играат својот најдобар натпревар против Реал Мадрид.

Верувам во моите играчи, навистина верувам. Не смееме да паничиме и да ја губиме вербата, затоа што пред нас има уште многу натпревари, а свесни сме дека не можеме сите да ги добиеме“, нагласи Арбелоа.

 

To top