Фудбал Камп Ноу

Арапски пари го решија проблемот на Барселона со Олмо

Екипите од Манчестер и Арсенал, наводно, сериозно се надевале дека Олмо може да биде слободен во јануари, но Жоан Лапорта на крајот најде решение.

Арапски пари го решија проблемот на Барселона со Олмо

Барселона успеа да реши голем проблем и да избегне крајно незгодната ситуација Дани Олмо да стане слободен играч на 1 јануари. Каталонскиот гигант обезбеди доволно пари за да може да го регистрира до крајот на сезоната.

Барса го привлече Олмо од РБ Лајпциг за 55 милиони евра, но успеа да го регистрира само половина сезона, откако го искористи исклучокот поради повредениот стандарден првотимец (Гави). Сепак, со закрепнувањето на младиот играч за врска, Каталонците дојдоа во ситуација да мора да обезбедат пари за да ја обноват регистрацијата за одличниот играч за врска.

Барса на крајот успеа да дојде до парите. Според „Марка“, до нив дошле кога ВИП ложата на „Камп Ноу“ била дадена под закуп на неколку арапски компании. Вредноста на оваа трансакција е 100 милиони евра, што не само што им овозможува Дани Олмо и Пау Виктор да се регистрираат, туку и непречено да го водат бизнисот во следните преодни периоди.

Екипите од Манчестер и Арсенал, наводно, сериозно се надевале дека Олмо може да биде слободен во јануари, но Жоан Лапорта на крајот најде решение.

To top